Безос го надмина сопствениот рекорд во богатство


Богатството на Џеф Безос зголемено на  рекордни 171 милијарда долари - МИА

Њујорк, 2 јули 2020 () – Богатството на основачот на Амазон, Џеф Безос, порасна на скоро 172 милијарди долари, што според индексот на милијардери на „Блумберг“, е нов рекорд кога станува збор за најбогатите луѓе во светот.

Причината за добрите резултати на Амазон е огромното зголемување на купувањето преку интернет за време на пандемијата на коронавирусот.

Безос го надмина претходниот рекорд оваа недела, што го постави во септември 2018 година, кога поседуваше богатство од 167,7 милијарди долари.

Неговото богатство продолжи да расте и покрај неговиот развод од неговата поранешна сопруга Мекензи минатата година, кога таа се здоби со 25 отсто од акциите во „Амазон“, што е околу 4 проценти од уделот во компанијата, јави Си-Ен-Ен.

Таа во моментов е 12-та најбогата личност во светот со 57 милијарди долари.


Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 74 случаи со Ковид-19, тројца починати, 90 оздравени пациенти

Скопје, 3 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-14, Куманово-8, Штип-13, Струга-1, Кавадарци-3, Гостивар-22, Кочани-1, Берово-3, Виница-4, Свети Николе-3, Кичево-2. […]

Џафери ќе ја води конститутивната седница - МИА
Вести

Џафери ќе ја води конститутивната седница

Скопје, 3 август 2020 () – Претседателот на Собранието во заминување Талат Џафери утре ќе претседава со конститутивната седница на Собранието, потврдија од неговиот кабинет. -Претседателот Џафери излезе од болница и е во многу добра […]

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита - МИА
Вести

Ковид-19 најризичен за постарите лица, почитувањето на мерките клучно за нивна заштита

Скопје, 3 август 2020 () – Ковид-19 предизвикува поголема смртност кај лица на возраст над 60 години и кај лица со основни медицински состојби, како што се кардиоваскуларни заболувања, хронична респираторна болест, дијабетес и карцином. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*