Берлин предупредува на ризик од шпионирање од страна на кинески студенти

germanija_3453453534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Германскиот министер за образование денеска повика на внимателност поради ризикот од научна шпионажа од кинески студенти кои со државните кинески стипендии се на германските универзитети.

– Кина се повеќе станува конкурент и системски ривал на полето на науката и истражувањето, рече Бетина Старк-Ватингер во интервју за групата весници на медиумската група Баерн (Mediengruppe Bayern), објавено денеска.


Како што пренесе Бета, во овој контекст, таа ја поздрави одлуката на Универзитетот Фридрих-Александар (ФАУ) во Ерланген, Баварија, кој од 1 јуни повеќе не прима стипендисти кои се исклучиво стипендирани од Кинескиот совет за стипендии (China Scholarship Council – CSC) кој е државно тело.

Според истражување неодамна објавено во меѓународниот сервис на Дојче веле и истражната платформа Коректив (Correctiv), носителите на вакви стипендии треба договорно да се обврзат да и бидат лојални на кинеската држава. Оние кои нема да ги почитуваат ваквите услови може да се соочат со правни последици, пренесоа медиумите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK