Берлин: „Климатските бегалци“ немаат право на азил во Германија



– Оние што ги напуштаат матичните земји како резултат на климатските промени, немаат право да побараат  азил или заштита за бегалци во Германија, соопшти Владата на таа земја, пренесува ДПА.

– Постои врска помеѓу климатските промени, миграцијата и барањето засолниште, но оваа врска сè уште не е доволно разгледана, изјави денеска портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи.

– Повеќето студии индицираат дека промените во животната средина се предизвикувачи, но не се меѓу главните причина за миграција, рече тој.

Коментарите доаѓаат откако тело за човековите права при ОН донесе „историска“ одлука дека правото на азил не треба да им биде одземено на климатските бегалци доколку нивните животи се во опасност.


Вести

Добрила Кацарска предложена за уставен судија

– Судскиот совет на денешната седница едногласно ја предложи судијката Добрила Кацарска за нов судија на Уставниот суд на Република Северна Македонија,  потврдија за МИА од СС. Предлогот за судијката Кацарска ќе биде испратен на […]

Вести

Европските земји ги враќаат строгите епидемилошки мерки

– Голем број европски земји соопштија дека по зголемувањето на бројот на новозаразени, ќе воведат нови мерки за борба против ширењето на коронавирусот, што ќе вклучува ограничување на патувањето, порано затворање на барови и ресторани […]

Научниците се уште не се согласни дали е можна инфекција со Ковид-19 од воздух - МИА
Вести

Преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе. – Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три […]