Бенјамин Нетанјаху ја осуди изјавата на портпаролот на израелската армија дека Хамас не може да биде уништен

677z381_netanjahu-iran.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ги осуди изјавите на портпаролот на израелската армија Даниел Хагари дека идеологијата и идејата на движењето Хамас не можат да се уништат.


Портпаролот на армијата, Даниел Хагари, вчера изјави дека приказната за уништувањето на Хамас „фрла прашина во очите на јавноста“, бидејќи нивната идеологија не може да се уништи.

Бригадниот генерал Хагари во интервју за израелскиот канал 13 изјави дека „израелската влада мора да најде алтернатива“ на Хамас во Појасот Газа, бидејќи во спротивно оваа терористичка организација „ќе остане“, објави i24news.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK