Белгиските средношколци мета на политички напади поради протестите

Десетици илјади млади Белгијци со недели, секој четврток, протестираат на улиците и бараат од властите да преземат сериозни мерки против климатските промени, што почна да им пречи на некои политички кругови, кои возвратија со напади врз отганизаторите на собирите, јави дописничката на МИА од Брисел.

Централната фигура на нападите е седумнаесетгодишната Ануна Де Вевер, една од организаторите на движењето „Млади за климата“. кое повеќе од еден месец ги мобилизира белгиските средношколци ширум земјата секој четврток.

Пред една недела, фламанската министерка за животна средина Јоке Схоувлихе, беше приморана да поднесе оставка откако, за време на средба со земјоделци, изјави дека ова масовно младински движење било „производ на заговор“. Поранешната министерка од редовите на партијата Христијански демократи и Фламанци (ЦДВ), на трибината изјави дека младите биле манипулирани од „еколошкото лоби“.

Таа на земјоделците тогаш им порача дека знае „кој се крие зад ова движење“ и тврдеше дека добила докази за тоа од белгиските разузнавачки служби.

– Можам да Ви гарантирам дека зад ова има повеќе отколку спонтани акции за солидарност за климата, рече тогаш Схоувлихе.

Бурните реакции на јавноста за овие наводи дека средношколците биле манипулирани за повисоки политички цели доведоа до оставка на министерката, која пред камери во солзи се извини за своите изјави и призна дека претерала.

Но, нападите од страна на демохристијаните и националистите против десетиците илјади млади демонстранти не стивнаа.

Претседателот на ЦДВ, Воутер Бек, пред неколку дена порача дека лидерката на движењето, Ануна Де Вевер, била советувана и обучувана од невладината организација за заштита на животната средина Гринпис, пред да се појавува во медиумите.

Гринпис остро ги отфрли овие напади и ги оцени како неосновани.

– Тоа што вашата партија не наоѓа кредибилен одговор за климатските преокупации и поради тоа бира поларизација е тажен избор. Но, да го правите тоа на смета на посветена седумнаесетгодишна млада девојка е под секаква чест, изјави портпаролот на организацијата Џои Тејс.

Младата Де Вевер, од своја страна, изјави дека се чувствува повредена од нападите на политичката десница.

– Ние сме млади кои напорно работат и со задоволство се организираме, но ова е и многу заморно. Се трудиме да останеме фокусирани на климата, но кога ќе слушнеме вакво нешто, јасно е дека не сме сѐ уште сфатени сериозно. Ми се чини дека политичарите мислат дека е невозможно две млади седумнаесетгодишни девојки да иницираат вакво движење, изјави младата активистка.

Што се однесува до Гринпис, таа изјави дека организацијата ги известила средношколците дека им стои на распологање доколку им  бидат потребни совети, но дека досега тоа не се случило.

– Досега одлично функционираме вака, движењето е сосема независно и ниту еден обид за присвојување не успеал, додаде Де Вевер.

Од почетокот на јануари белгиските средношколци не одат на настава секој четврток за да протестираат за недоволните климатски политика на белгиската влада. Движењето е секоја недела побројно и достигна повеќе од 30 илјади учесници минатата недела.

Вести

Судењето за „27 април“ продолжува со завршни зборови на обвинетите

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година. Вчера завршни зборови дадоа дел од обвинетите. Судскиот процес започна во август минатата година и го води Добрила Кацарска, […]

Балкан

„Блиц“: САД подготвени на поекстремни потези кон Приштина

По одбивањето на Приштина да ги повлече таксите за производи од Србија, САД се подготвени на поекстремни потези, кои би требало да ги погодат директно политичките лидери на косовските Албанци и нивните главни проекти, пишува […]

Вести

Завршни зборови на одбраната на „Титаник 2“

Во Кривичниот суд за денеска е закажано ново рочиште за случајот за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година „Титаник 2“ на кое завршни зборови треба да дава одбраната. Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот […]

Вести

Нов состанок на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија

Дали да се препорача заедничко чествување на Цар Самоил, Гоце Делчев, Илинденското востание се меѓу личностите и настаните за кои ќе се дебатира  на четвртиот состанок на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија за историски и образовни […]

Вести

Заев и Ахмети ќе се обидат да најдат заеднички кандидат за претседател

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешната средба во Клубот на пратениците заклучиле да направат обид да се најде заедничка личност за кандидат за претседател на државата. Заев […]

Бизнис

Бензините поскапуваат, дизелот останува ист

Од полноќ поскапуваат бензините, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Согласно одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 се зголемува за пола денар, а Еуросупер БС-98 за еден денар. Така, […]

Интересно

„Квин“ ќе настапи во живо на доделувањето на Оскарите

Британскиот рок-бенд „Квин“ ќе настапи во живо на доделувањето на Оскарите в недела, објавија вчера организаторите. Биографскиот филм за славниот пејач Фреди Меркјури, „Боемска рапсодија“, има повеќе номинации. Годинава навршуваат 28 години од смртта на […]

Интересно

Пијана жена повикала пожарникари да ѝ ја изгасат „душата која ѝ гори“

Во Уфа, престолнината на руската автономна Република Башкирија, пијана жена се јавила во противпожарната служба и ги повикала пожарникарите за ѝ ја изгаснат „душата која ѝ гори“. Видеото, снимено од пожарникари, се појави и на социјалните […]

Интересно

Портокалови алигатори повторно се појавија во САД

Два портокалови алигатора се забележани на плажата Сајпрус Рич во американската сојузна држава Јужна Каролина. Ова се случува само две години откако друг портокалов алигатор го изненади целиот свет. Необичната боја на животните повторно предизвика […]

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*