Белгија се соочува со епидемија на детски бронхиолит

bronhit_45645654

 – Одделите за педијатрија во болниците во Белгија се преоптоварени поради епидемија на бронхиолит кај децата, слична е состојбата во соседна Франција.

Болниците порачаа дека оваа епидемија е “без преседан“, а ниеден кревет веќе не е слободен во поголемите болници во главниот град Брисел. Педијатриската итна помош е преплавена со работа, порачаа од болницата Сен Пјер.

Иако секоја зима болниците се соочуваат со пик на респираторни инфекции кај населението и посебно кај децата, овој пат многумина алармираат дека ситуацијата е посериозна од претходните години и дека бројот на заболени е повисок.

Еден од главните проблеми е недостигот на персонал кај специјализираните медицински сестри.

-Младите пациенти под двегодишна возраст пристигнуваат по десетици во чекална и тешко ни е да најдеме место за овие деца, изјави Натали Мониот од болницата Сен Лук во Брисел. Недостигот на медицински сестри веќе беше проблем за време на пандемијата од Ковид-19.

Facebook
Twitter
LinkedIn