Белата куќа побарала 10.000 војници за задушување на протестите



Генерал Мили: Ракетните тестирања на Северна Кореја не се закана за САД - МИА

Вашингтон, 7 јуни 2020 () – Белата куќа во текот на изминатава недела побарала 10.000 активни војници да излезат на улиците на Вашингтон и другите градови и да ги спречат протестите, но министерот за одбрана Марк Еспер и високите воени лица во Вашингтон и околината распоредија околу 1.600 војници. Околу 5.000 припадници на Националната гарда веќе беа распоредени таму, така што немаше потреба од учество на армијата, па војниците во четвртокот беа вратени во касарните, пренесува Си-Ен-Ен.

Началникот на Генераштабот Марк Мили, според кажувања на изворите, имал силно чувство дека прагот, информативно опишан како „тешка околност“, се уште не е преминат за претседателот легално да ја повика армијата на помош.

По насилствата во Вашингтон, Мили неколку пати разговарал со претставници на демократите во Конгресот, меѓу нив и со претседавачот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси.

Иако не се познати деталите за неговите разговори со демократите, Мили во понеделникот вечерта имал многу напнат разговор со претседателот Трамп, тврдејќи му дека, и покрај заканите на претседателот, дека активните воени сили не се потребни за да ги задушат немирите во Вашингтон.

Од друга страна, иако Белата куќа ја потврди поддршката за Еспер, таквата одлука може да го чини позицијата во администрацијата.

Конгресот, неофицијално, двајцата ги критикуваше за прошетката со претседателот Трамп во црквата „Свети Јован“, а според извор близок до војската, Еспер и Мили многу жалеле што тоа си го дозволиле.

Еспер и претходно изјавуваше дека сака да се држи подалеку од политиката, но дека не секогаш тоа му успева, додека Мили се уште не се изјасни за заедничката прошетка со претседателот.


Вести

Протест за декриминализација на марихуаната пред Основниот кривичен суд во Скопје

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје. Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу има во: […]

Вести

МОН со последни подготовки пред стартот на учебната година, за СОНК има недостиг на технички средства

– Анализите направени од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) покажуваат дека голем дел од училиштата немаат обезбедено технички средства за следење на онлајн настава, но од Министерството за образование и наука уверуваат дека […]