Белата куќа ја повика Кина да ги почитува човековите права


Белата куќа ја повика Кина да ги почитува човековите права - МИА

Вашингтон, 5 јуни 2020 () – Белата куќа го повика Пекинг да ги почитува човековите права, да ги исполни своите обврски кон Хонг Конг и да стави крај на прогонот на етничките и верски малцинства, во изјавата што ја лиферува по повод 31-годишнината од крвавото задушување на продемократскиот бунт на плоштадот Тијананмен.

„Кинеската комунистичка партија уби невооружени кинески цивили, што е трагедија што нема да се заборави“, соопшти Белата куќа.

Белата куќа, понатаму, ја повика кинеската Влада да ги исполни своите обврски од Универзалната декларација за човекови права и Кинеско-британската декларација со која се уредува статусот на Хонг Конг, и „да ги почитува правата и слободите загарантирани за сите кинески граѓани според кинескиот Устав и да престане со систематскиот прогон кон милиони етнички групи и религиозни малцинства “.

Годишнината на задушувањето на продемократските протести од 1989 година се совпаднаа со протестите против расизмот и полициската бруталност што избувнаа низ САД. Тие беа поттикнати од насилната смрт на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен во Минеаполис од бел полицаец за време на неговото апсење, иако уапсениот не даваше отпор.

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека на масовните протести ќе одговори со војската, велејќи дека може да испрати трупи во оние држави кои не успеале да ги контролираат повремените насилни протести.

„Американскиот народ стои заедно со сите кинески граѓани во остварувањето на основните права, вклучително и правото на одговорно и претставничко управување и слобода на говор, собрание и религија“, соопшти Белата куќа.


Судењето за „Монструм“ одложено за 26 август - МИА
Вести

Судењето за „Монструм“ одложено за 26 август

Скопје, 6 јули 2020 () – Судењето за случајот „Монструм“ продолжува на 26 август годинава, откако денешното рочиште е одложено поради најавено отуство на надлежниот јавен обвинител. – Заради интерес на медиумите и невладините организации […]

Различни ветувања од партиите, во фокусот младите и економијата - МИА
Вести

Различни ветувања од партиите, во фокусот младите и економијата

Скопје, 6 јули 2020 () – Правда за сите, администрација по европски стандарди, сигурност, просперитет, борба против корупцијата и криминалот, обнова на правосудството, подобар живот за младите, реформи во образованието, ова синоќа им го ветија […]

Бројот на починати од коронавирус во САД надмина 50.000 - МИА
Вести

Во континуитет висок број на починати од Ковид-19, досега 341 смртен случај

Скопје, 6 јули 2020 () – Седум починати од Ковид-19 се регистрирани вчера, со што вкупната бројка на смртни случаи од почетокот на епидемијата е 341. Пет од нив се од Скопје, еден од Тетово […]