Бела куќа: Трамп смета дека носењето маски е личен избор


Трамп: 2021 ќе биде феноменална година - МИА

Вашингтон, 29 јуни 2020 () – Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека одлуката за носење заштитна маска, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, е личен избор на секој поединец, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Кејли Макенани.

– Негова одлука е да носи маска. Личен избор на секој поединец е дали ќе носи маска или не, рече Макенани на барањето да ја коментира новата наредба за носење заштитни маски во Џексонвил, Флорида, каде ќе се одржи дел од конвенцијата на републиканците за номинација на оваа партија за претседател на САД.

Макенани рече дека Трамп ги охрабрува луѓето да донесат каква било одлука што е најдобра за нивната безбедност.

– Но, тој ми рече дека нема проблем со носење маски, рече Макенани и им порача на граѓаните да го направат она што од нив го бараат надлежните на локално ниво.

Гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо денеска изјави дека Трамп треба да издаде наредба за задолжително носење заштитни маски во јавност и го повика тој да биде пример за другите, со тоа што ќе носи маска.


Вести

Земјава подготвена за полошо сценарио со Ковид-19 наесен, граѓаните мора да ги почитуваат мерките

Скопје, 7 август 2020 () – Евентуалното полошо сценарио со вирусот Ковид-19 наесен би значело поголема концентрација на луѓе во затворени простории, дополнителен број на заболени од сезонски грип што може да доведе до пренатрупување […]

Влада: Трошоците за СЈО се за стручните служби и за комуналии до престанокот на постоење на ова обвинителство - МИА
Вести

Партиите преговараат, роковите течат за создавање на новата влада

Скопје, 7 август 2020 () – Рокот за доделување на мандатот за состав на новата влада тече веќе трети ден. Политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во изминатите денови потврдија дека работат на создавање мнозинство од […]

Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Нови 113 случаи со Ковид-19, шест починати, 259 оздравени пациенти

Скопје, 6 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-35, Куманово-12, Штип-23, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-1, Битола-7, Охрид-6, Гостивар-15, Кочани-2, Пробиштип-1, Демир […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*