Бела куќа: Советникот за национална безбедност на претседателот е позитивен на корона-тест, нема ризик за Трамп


Бела куќа: Единствено Трамп има право да се повика на Законот за бунт - МИА

Вашингтон, 27 јули 2020 () – Белата куќа потврди дека Роберт О’Брајан, советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, е со позитивни резултати од тест за новиот коронавирус.


 

О’Брајан, кој има клучна улога во администрацијата, се изолира и работи од безбедно место, објасни Белата куќа. Не постои ризик претседателот или потпретседателот да се заразат со коронавирусот, појаснија од Белата куќа.

Претходно американски медиуми јавија дека советникот не оди на работа од минатата недела. Тој се заразил за време на семејна средба. Тој е изолиран во својот дом и работи главно преку телефон.