Бела куќа: САД загрижени од ситуацијата во Белорусија



Бела куќа: САД загрижени од ситуацијата во Белорусија - МИА

Вашингтон, 10 август 2020 () – Портпаролот на Белата куќа, Кејли Мекенани, денеска изјави дека САД се длабоко загрижени од ситуацијата со изборите во Белорусија и ја повикува белоруската Влада да не спречува мирни собири и да не применува насилство спрема демонстрантите.

Претходно, загриженост поради недемократското однесување на раководството на Белорусија изрази и Велика Британија. Официјален претставник на премиерот Борис Џонсон истакна дека Лондон го смета за неприфатливо насилното растерување на демонстранти од минатат ноќ.

Во заедничка изјава на шефот на европската дипломатија, Жосеф Борел, и комесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархеи, се истакнува дека претседателските избори во Белорусија биле засенети од „непропорционално и неприфатливо насилство на државата врз мирните демонстранти“.

ЕУ треба да преземе мерки за да не се дозволи примена на сила од страна на властите на Белорусија, побара денеска Јацек Чапутович, министер за надворешни на Полска.

На 9 август во Белорусија се одржаа претседателски избори. Според официјалните резултати, победник е актуелниот претседател Александар Лукашенко. Но тој резултат е оспорен од опозицијата. Полицијата растеруваше протести и денеска, а опозицијата најави дека протестните акции продолжуваат.


Продолжи собраниската расправа за избор на нова влада - МИА
Вести

Почна собранискара расправа за избор на заменици на министрите во Владата

– Справување со последиците од пандемијата, зачувување на работните места, создавање функционална економија и враќање на економскиот раст на 4 отсто, унапредување на животниот стандард на граѓаните и натамошен раст на платите, силни институции, неселективна правда […]

Вести

Нови 88 случаи на Ковид-19 од 1618 тестирања, петмина починати и 135 оздравени

-Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-45, Куманово-4, Штип-1, Прилеп-7, Тетово-6, Струга-3, Битола-2, Охрид-3, Гостивар-1, Струмица-7, Крива Паланка-2, Кочани-3, […]

Утре нов протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправда, реваншизам и насилствод, - МИА
Вести

Утре нов протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправда, реваншизам и насилствод,

Скопје, 22 септември 2020 () – Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за утревечер најави нов протест во Скопје преку кој, како што наведе во објава на Фејсбук, ги повикува граѓаните да протестираат против неправда […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*