Соединетите Држави се „многу загрижени“ од извештајот на МААЕ за зголеменото производство на високо збогатен ураниум во Иран, изјави вчера портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа.
„Нуклеарната ескалација на Иран е уште позагрижувачка во време кога полномошниците поддржани од Иран ги продолжуваат своите опасни и дестабилизирачки активности во регионот, вклучително и неодамнешниот смртоносен напад со беспилотно летало и други обиди за напади во Ирак и Сирија, како и нападите на Хутите врз комерцијалниот брод во Црвениот Море“, рече портпаролот, пренесува Ројтерс.