БДП на Германија падна за 10,1 проценти во вториот квартал


БДП на Германија падна за 10,1 проценти во вториот квартал - МИА

Берлин, 30 јули 2020 () – Германската економија во вториот квартал од оваа година падна за 10,1 процент на квартално ниво, покажуваат денешните прелиминарни податоци од Бирото за статистика, Дестатис.



Тоа е последица на остриот пад на потрошувачката на домаќинствата, падот на деловните инвестиции и извозот поради вонредните мерки за затворање, воведени за да се спречи ширењето на пандемијата на Ковид-19.

– Ова е најостар пад откако почнаа кварталните пресметки на БДП во Германија во 1970 година, соопшти Дестатис.

Во кварталот април-јуни, БДП на најголемата економија во Европа на годишно ниво падна за 11,7 проценти, покажуваат сезонски адаптираните податоци од Федералното биро за статистика.

Аналитичарите предвидуваат дека германската економија во второто тромесечиe ќе потоне за 9,0 проценти на квартална основа и за 11,3 проценти во однос на истиот период минатата година, на сезонски прилагодена основа.


Вести

Пензионерите бараат приоритет за вакцинирање против КОВИД-19

– Сојузот на здруженија на пензионери упатуваат апел приоритет при вакцинирањето против КОВИД-19 да имаат пензионерите, како најранлива категорија лица со хронични болести и намален имунитет. -Во име на над 300 000 возрасни луѓе во нашата […]

Вести

Земјите од ЕУ на здравствена заштита во просек трошат 9,9 проценти од БДП, ние 4,5

– На здравствена заштита и социјални бенефити Северна Македонија во 2019 година потрошила вкупно 507 милиони евра односно 4,5 проценти од БДП или по 244 евра по глава на жител, што е под просекот од […]

Вести

Регистрирани 1342 нови случаи на Ковид-19, оздравени 679 пациенти, починаа 22 лица

Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, додека во исто време починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*