Бар: Во протестите во САД постои надворешно мешетарење


Вилијам Бар: Полицијата да ги оддалечи демонстрантите околу Белата куќа - МИА

Вашингтон, 4 јуни 2020 () – Американскиот државен обвинтел, Вилијам Бар, денеска изјави дека постои „надворешно мешетарење“ во протестите со цел да се заостри ситуацијата.

Масовните протести во САД започнаа со убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина поради агресивно апсење од полицијата.

-Гледаме дека странски актери играат за сите страни, за да се продлабочи насилството, изјави Бар на денешната прес конференција.

Но тој не прецизираше за кои земји станува збор.

Според него, екстремистички групи и учесници од разни политички бои, исто така, учествувале во поттикнување на насилство за време на протестите.

Државниот обвинител соопшти дека во протестните акции во САД кои започнаа на 30 мај, 114 припадици на безбедносните служби биле повредени, а 22 службеници биле хоспитализирани. Во најголем дел од тие кои се наоѓаат во болница, имале сериозни повреди на главата.


Вести

Со маска, средство за дезинфекција и дистанца, ДИК со герила акција во Скопје повика на безбедно гласање!

Караванот на Државната изборна комисија денеска беше во скопските општини Сарај, Шуто Оризари, Чаир и на плоштад „Македонија“ во центарот на Скопје со нивната герила акција. ДИК повика на безбедно гласање со делење на едукативните […]

Вести

Нови 163 случаи со Ковид-19, осум починати, 230 оздравени пациенти

– Во последните 24 часа се направени 1794 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-87, Куманово-7, Дебар-2, Штип-10, Прилеп-3, Тетово-16, Струга-8, Охрид-1, Кавадарци-1, Демир Хисар- 1, Гостивар-8, Струмица-1, Кратово-1, Свети Николе-9, […]

Филипче: Имаме протоколи и доволно заштитна опрема за спроведување на изборите - МИА
Вести

ДИК ги повикува учесниците на изборите да ги почитуваат мерките за заштита на здравјето на граѓаните

Скопје, 8 јули 2020 () – Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги повика сите вклучени во изборниот процес да ги почитуваат здравствените мерки, упатствата и протоколите за предвремените парламентарни избори на 15 јули. – Само […]