
Азербејџанскиот министер за надворешни работи Џејхум Бајрамов денеска изјави дека хуманитарниот прекин на огнот во Нагорно-Карабах ќе трае само додека Црвениот крст ги договори условите за размена на посмртните остатоци на жртвите.
На прес-конференцијата во Баку, по враќањето од Москва, Бајрамов се пожали дека непроменетиот статус на теренот во Нагорно-Карабах не ја фаворизира неговата земја и дека Азербејџан се надева и очекува со текот на времето да добие контрола врз неколку делови на територијата.
Азербејџанскиот министер за надворешни работи, исто така, ја обвини Франција дека не е неутрална кога станува збор за посредување во преговорите за Нагорно-Карабах.
-Франција го прекрши принципот на неутралност, додека азербејџанската страна не забележа такво прекршување од страна на Русија, рече Бајрамов.
Азербејџан и Ерменија денеска меѓусебно се обвинуваат за прекршување на примирјето, кратко време по неговото прогласување.