Бајден: Време е да се стави крај на најдолгата американска војна


Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека американските војници ќе почнат да се повлекуваат од Авганистан на 1 мај, а процесот ќе заврши пред 11 септември.


 

– САД го почнуваат своето конечно повлекување на 1 мај оваа година. Нема да брзаме. Ќе го направиме тоа одговорно, со намера и безбедно и во целосна координација со нашите сојузници и партнери, кои сега имаат повеќе сили во Авганистан од нас, рече Бајден.

Тој додаде дека за својата одлука разговарал со поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш.