Бајден: Убиството на Флојд – пресвртница во американската историја


Бајден: Убиството на Флојд – пресвртница во американската историја - МИА

Хјустон, 9 јуни 2020 () – Кандидатот за претседател на демократите во САД, Џо Бајден изјави дека убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд, од страна на бел полицаец, ќе го смени светот.



– Мислам дека она што тука се случи  е една од најголемите пресвртници во американската историја, реално, во однос на граѓанските слободи, граѓанските права и праведен третман на луѓето, рече Бајден по приватната средба со семејството на Флојд во Хјустон, Тексас, каде изрази сочувство, пренесува Би Би Си.

Бајден остро го критикуваше претседателот Доналд Трамп, кој се кандидира за втор претседателски мандат, обвинувајќи го дека во текот на викендот давал „очајни“ шпекулативни коментари за Флојд.

Приватниот погреб на Џорџ Флојд ќе биде во Хјустон, подоцна во текот на денот.