– Американскиот претседател Џо Бајден најави нов пакет воена помош за Украина. Новиот пакет воена помош, како што јавуваат светските агенции, е во износ од околу 375 милиони долари.
На средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на состанокот на лидерите на Г7 во јапонскиот град Хирошима, Бајден му рекол на украинскиот лидер дека САД прават се што е можно за да ја зајакнат одбраната на Украина.
„Новиот пакет воена помош вклучува муниција, артилерија и оклопни борбени возила. Ние сме со Украина и нема да ја напуштиме“, рече Бајден.
Зеленски му се заблагодари на Бајден за неговата поддршка.
„Ние сме благодарни. Никогаш нема да заборавиме. Ви благодариме“, рече украинскиот лидер.
На новинарско прашање дали градот Бахмут, за кој Русија вчера соопшти дека е заземен од нејзините сили, сè уште е во украински раце, Зеленски одговори „Мислам дека не“.
„Денес Бахмут е само во нашите срца“, истакна украинскиот претседател.