Бајден: САД никогаш нема да ја признаат анексијата на Крим


– Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека САД „никогаш“ нема да ја прифатат руска анексија на дел од Украина пред седум години.


 

– САД не ја признаваат и никогаш нема да ја признаат анексијата на полуостровот и ние ќе застанеме заедно со Украина против агресивните активности на Русија, рече Бајден во изјавата по повод годишнината од руската инвазија на Крим.