Бајден предвидува „хаос“ на јужната граница по укинувањето на Ковид-19 мерките

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Џо Бајден на брифинг за новинарите синоќа претпостави дека по истекување на рокот на Поглавје 42, правило според кое се укинуваат пандемиските мерки за нелегалните имигранти, на границата меѓу САД и Мексико „некое време ќе биде хаос“.

Како што јавија дел од американските медиуми, на јужната граница веќе се распоредуваат 550 активни војници за справување со постојаните бранови нелегална имиграција.


Бајден изјави дека администрацијата работи на тоа измените на правилата, усвоени од неговиот претходник Доналд Трамп, да донесат некаков ред во справување со имиграцијата. Преку Мексико во САД сакаат да влезат не само милиони од Мексико, Гватемала, Куба, Хаити, Венецуела или Хондурас, туку и десетици илјади од земји како Авганистан и Индија. Според американската служба за гранична и царинска контрола, за фискална 2022 година над 46.000 пристигнале и од Украина и Русија, бегалци од мобилизацијата и војната на Путин во Украина. Лани на јужната граница на САД пристигнале и околу15.000 турски имигранти и околу 6.000 од Романија.

– Претстои да видиме како да се воведе ред во сето ова, некое време ќе биде хаотично, изјави Бајден.

Пандемиските ограничувања дозволуваа американските службеници брзо да ги враќаат имигрантите назад. Нивниот рок истекува неделава, по што се воведуваат реформи во системот за справување со огромната имиграција на јужната граница. Новите мерки предвидуваат обесхрабрување на они кои планираат да поминат долг пат за нелегално да ја преминат границата, предлагајќи им законска можност да дојдат во САД со поднесување барање преку владина мобилна апликација, ако имаат спонзор и ги поминат проверките.

За ова Бајден вчера цел час телефонски разговараше и со Андрес Мануел Лопез Обрадор, претседател на Мексико.

Мексиканско-американската граница со протега над 3.100 километри. Најголемиот број нелегални имигранти доаѓаат токму од Мексико, од каде лани агентите пресретнале над 800.000, затоа оваа земја е клучен фактор во успехот на какви и да било планови на Вашингтон за справување и контрола на имиграцијата на јужната граница.

Имигрантите постојано пристигаат. Граничните патроли во регионот на релативно мирниот град Ел Сентро минатата недела фаќале по околу 260 имигранти дневно, притоа таа бројка во претходната недела изнесувала 90. Неделава пак, агентите на јужната граница идентификувале имигранти од вкупно 22 земји.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK