Бајден наскоро очекува средба со Путин


Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека очекува наскоро да може да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, додавајќи дека времето и местото на нивната средба сè уште се договараат.


 

Обраќајќи им се на новинарите во Белата куќа, Бајден рече дека тој сепак сака да се сретне со Путин и покрај распоредувањето на руските воени сили во близина на границата со Украина.

И Кремљ вчера соопшти дека местото на средбата на Бајден и Путин сè уште не е познато.