Американскиот претседател Џо Бајден го овласти Пентагон да испрати до 3.000 резервисти на американската армија во Европа, соопшти Белата куќа, пренесува Танјуг.
„Ги овластувам државниот секретар, секретарот за домашна безбедност и крајбрежната стража, кога не дејствуваат како служба во морнарицата, да наредат на активна должност која било единица или поединечен член што не е назначен никаде, да биде во служба на Командата на САД во Европа. Тој број не треба да надминува 3.000 војници“, рече Бајден.
Исто така, од тој број, околу 450 лица од индивидуалните резервни сили ќе бидат распоредени во USEUCOM (Европска команда на САД).
НАТО никогаш посилно
Одлуката доаѓа по европската турнеја на Бајден оваа недела, во која тој ги посети Велика Британија и Финска, со самитот на НАТО во Литванија меѓу двете посети.
Во Хелсинки американскиот претседател на средба со лидерите на нордиските земји изјави дека НАТО никогаш не бил посилен.
За време на состанокот, Бајден им понуди поддршка на нордиските лидери да ја покажат растечката моќ и влијание на НАТО против растечката закана од Русија.
„Гледаме целосна промена во европската безбедносна структура како резултат на потезите на Русија, а нордиските земји се приближија кон Западот како одговор на руските агресивни и дестабилизирачки дејствија“, соопшти Белата куќа по состанокот.