Бајден ги продолжи санкциите против Русија за уште една година поради Крим


Американскиот претседател Џо Бајден одлучи да ги продолжи санкциите против Русија за уште една година поради Крим и ситуацијата во Украина, објавено е денеска во Федералниот регистар.


 

Санкциите против Русија ги воведе администрацијата на Доналд Трамп на 20 септември 2018 година, но претходно и администрацијата на 44. претседател на САД, Барак Обама.

– Акциите и политиката поради кои се воведуваат санкциите против Русија продолжуваат да бидат вонредна закана за американската национална безбедност и надворешната политика на САД, се наведува во дополнителното образложение на претседателот Бајден, со кое за една година се продолжуваат санкциите против Русија.