Бајден е 15-ти потпретседател на САД кој станал и претседател


Џо Бајден, кој денеска положи заклетва како 46. претседател на САД, е 15-ти потпретседател во американската историја, кој станал и шеф на државата.


 

Никој освен него и поранешниот претседател Ричард Никсон немал пауза по отслужувањето на функцијата потпретседател, па дури потоа да стане претседател на САД.

Осум потпретседатели ја преземале претседателската функција бидејќи во текот на мандатот починал претседателот во чија администрација тие биле заменици, објави Си Ен Ен.

Шестмина потпретседатели прво биле избрани за претседатели на САД, па дури потоа и на потпретседателска функција, а само еден потпретседател ја преземал должноста од претседателот кој поднел оставка.

Единствен кој бил и претседател и потпретседател на САД, а никогаш не е избран, бил Џералд Р. Форд.