Азербејџанската армија се доближи на пет километри од Шуши


Азербејџанската армија денеска се доближи до клучниот град во Нагорно Карабах по еден месец интензивни судири со ерменската армија, додека дипломатите од двете земји се подготвуваат за посериозни разговори за ставање крај на конфликтот околу спорната територија.



Лидерот на Нагорно Карабах, Арајик Хартјуњан, рече дека азербејџанските сили се приближиле на пет километри од стратешки важниот град Шуши и ги повика жителите да се мобилизираат за да го одбијат нападот.

– Оној што го контролира Шуши го контролира Нагорно-Карабах. Мора да го сфатиме тоа и да го браниме Шуши. Мораме да ја свртиме ситуацијата во наша корист, рече Хартјуњан во видео порака од градската црква, која беше сериозно оштетена од гранатирање од азербејџанската страна.

Шуши е на само пет километри јужно од главниот град на Нагорно Карабах, Степанакерт.


Вести

Регистрирани 1.093 новозаразени, починаа 28 лица

Денеска се регистрирани 1.093 нови случаи на Ковид 19. Оздравеле 819 пациенти, а починаа 28 лица. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3084 тестирања, а регистрирани се 1093 нови случаи на […]

ДКСК: Државните активности да се не мешаат со партиските во изборниот период - МИА
Вести

ДКСК: Поголем дел од претседателите на основните судови не поднеле анкетни листови

– Антикорупциската комисија на денешната седница разгледа 18 предмети за претседатели на основи судови и по извршената проверка за следење на имотната состојба и судир на интереси согласно годишната програма за работа,  утврди дека голем […]

Вести

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 42 пациенти, вкупно се лекуваат 463

– Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје хоспитализрани се 42 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 463 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*