Автомобил удри во група луѓе во Германија – загина дете, а тројца се тешко повредени



 

Дванаесетгодишно момче загина а тројца се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна попладнево во Германија, пренесуваат германските медиуми.

До несреќата дошло кога автомобил, од засега нејасни причини, излетал од патот и удрил во група луѓе, кои стоеле на тротоарот.

Како што пренесеува „Билд“, меѓу повредените се мајката (39) на загинатото дете и друг пешак (43) кој не припаѓа на семејството. Тие се сериозно повредени и со спасувачки хеликоптери се итно пренесени во болница. Возачот и двегодишното момче кои се наоѓале во автомобилот се здобиле со полесни повреди, соопшти полицијата.

Schwerer Verkehrsunfall in #Kempen #St. Hubert

Die Tönisberger Straße ist zwischen der B 9 und Hülser Straße gesperrt.

Unsere Meldung: https://t.co/nTLcm8fibt pic.twitter.com/TCbpp33tAc

— Polizei NRW VIE (@polizei_nrw_vie) October 29, 2020

Од полицијата соопшти дека засега ништо не укажува дека се работи за терористички напад.

„ Во моментов нема докази дека возачот намерно влетал во толпата“, рече главниот детектив Антје Хејманс од полицискиот орган во областа Вјерсен.