Австриска министерка позитивна на коронавирус



Австриската министерка за одбрана Клаудија Танер денеска добила позитивен тест на коронавирус.



Министерката, како контакт на заразено лице, веќе десет дена е во самоизолација.

Танер е втор член на австриската влада, по министерот за надворешни работи Александар Шаленберг, кој е позитивно тестиран.

Министерот за надворешни работи исто така нема никакви симптоми, како и министерката, која од дома ги извршува сите државни работи.