Австрија ја поништи забраната за носење хиџаб во основните училишта



 

Австрискиот уставен суд го укина законот воведен минатата година со кој им се забранува на девојчињата да носат хиџаб во основните училиштa.

Судот соопшти дека мерката е неуставна и дискриминирачка, по жалбата на две девојчиња и нивните родители. Исто така, судот наведува дека законот е спротивен на принципот на еднаквост кога станува збор за слободата на вероисповед.

Законот забрануваше девојчиња на возраст под 10 години да носат марама.

Мерката беше изгласана во мај 2019 година од претходната коалиција на Народната партија на десниот центар и екстремно десничарската Партија на слободата, само неколку дена пред падот на таа влада поради скандал со корупција.