Австрија ги отвора границите и кон Чешка, Словачка и Унгарија


Австрија ги отвора границите и кон Чешка, Словачка и Унгарија - МИА

Виена, 16 мај 2020 () – Австрија од полоќ ги отвора границите кон Чешка, Словачка и Унгарија, со што ќе се олесни патничкиот и товарниот сообраќај.

– Синхронизирано со отворањето на границите со Германија, Лихтенштајн и Швајцарија, сега се укинуваат граничните контроли на здравствените власти и на полицијата на премините со Чешка, Словачка и Унгарија, се наведува во соопштението на австриското Министерство за внатрешни работи.

Тоа значи дека ќе се намалат контролите на здравствените власти и полицијата односно ќе се спроведуваат само по случаен избор, а не како досега да се проверува секое возило.

Австриското МВР наведе дека граничната контрола воспоставени на границата со Унгарија поради мигрантите останува во сила.

Австрија најави и целосно отворање на границите од 15 јуни, но во зависност од епидемиолошкиот развој на Ковид-19.

Во Австрија регистрирани се 16.201 лица инфицирани со новиот коронавирус, од кои 629 починаа, а 14.524 оздравеле.


Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи - МИА
Вести

Изборите ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи

Скопје, 9 јули 2020 () – Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат над 2.000 домашни и странски набљудувачи. Според роковникот на ДИК, денеска е последен ден до кога домашните и меѓународните набљудувачи […]

На гласање задолжително со маска и со двојна дезинфекција - МИА
Вести

На гласање задолжително со маска и со двојна дезинфекција

Скопје, 9 јули 2020 () – Гласањето на претстојните избори, и покрај актуелната пандемија на Ковид-19, ќе биде безбедно за граѓаните кои ќе решат да го остварат своето избирачко право, тврдат надлежните. Ќе се гласа […]

Уште четири дена до крајот на изборната кампања - МИА
Вести

Уште четири дена до крајот на изборната кампања

Скопје, 8 јули 2020 () – Изборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е при крај. Партиите пред граѓаните ветуваат правда која ќе функционира неселективно и транспарентно, подигната економија и развој за наредниот […]