Австралија ќе исплати надомест за отсуство од работа поради карантинот



Австралија ќе исплати надомест за отсуство од работа поради карантинот - МИА

Сиднеј, 3 август 2020 () – Австралија ќе воведе надомест за отсуство од работа за време на пандемијата за сите работници кои немаат боледување, но мора да бидат во карантин поради новиот коронавирус, изјави денеска австралискиот премиер Скот Морисон.

Компензацијата за двонеделно отсуство од рабта поради неопходната самоизолација ќе изнесува 1.500 австралиски долари.

Новата мерка е најавена во време кога Австралија се соочува со вториот бран на Ковид-19, а во државата Викторија воведени се ригорозни мерки за да се запре ширењето на заразата.

Во Австралија вкупно се регистрирани 18.318 луѓе инфицирани со новиот коронавируис, од кои починале 221, а оздравеле 10.622 лица.


Вести

Протест за декриминализација на марихуаната пред Основниот кривичен суд во Скопје

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје. Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу има во: […]

Вести

МОН со последни подготовки пред стартот на учебната година, за СОНК има недостиг на технички средства

– Анализите направени од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) покажуваат дека голем дел од училиштата немаат обезбедено технички средства за следење на онлајн настава, но од Министерството за образование и наука уверуваат дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*