Кремљ соопшти дека истрагата за авионската несреќа во која загинаа водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин и уште деветмина, минатата недела, ја вклучува можноста таа да била намерно предизвикана.
„Очигледно е дека се разгледуваат различни верзии, вклучително и верзијата – знаете за што зборуваме – да речеме, намерно злосторство“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Песков исто така рече дека истрагата за авионската несреќа е руска истрага и дека не може да стане збор за меѓународна истрага.