Авионите воопшто не летаат, луѓето се заробени на аеродромите во Британија, хаосот може да трае со денови

flajtradar-britanija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Британскиот систем за контрола на летање доживеа „голем дефект на мрежата“ во еден од најпрометните денови во годината – предизвикувајќи хаос кај патниците кој може да трае со денови.


Британската национална служба за воздушен транспорт (НАТС) соопшти дека има „технички проблеми“ кои ги принудиле контролорите да ја намалат стапката на слетувања и полетувања на летовите.

Ова доведе до доцнење на многу авиони кои требаше да слетаат и полетаат во просек по околу три часа, а се предвидува дека авиокомпаниите ќе бидат принудени да плаќаат милионски надомест за патниците.

Многу патници се заглавени на аеродромите, а ТВ водителката Габи Логан на социјалните мрежи објави дека со часови чека на пистата во Будимпешта.

„По речиси три недели отсуство од дома, едвај чекав да го гушнам семејството. И штотуку ми беше кажано дека воздушниот простор на Обединетото кралство е затворен. Може ќе бидеме тука 12 часа. Затоа, седиме во авионот и чекаме“, рече таа.

НАТС не даде дополнителни информации за тоа што го предизвикало дефектот или колку време ќе биде потребно за воздушниот простор на Британија да се врати во нормала.

Експертот за патувања, Сајмон Калдер, рече дека стотици авиони моментално одат за Велика Британија, но тоа нема да предизвика никакви безбедносни проблеми бидејќи системот е „дизајниран да се справува“ со непредвидени ситуации.

„Ова е, се разбира, еден од најфреквентните денови во годината. Стотици илјади луѓе летаат за Велика Британија, искрено, ова е последното нешто што му треба на некој. Во најмала рака, ова ќе предизвика доволно пореметување што системот сигурно ќе биде во хаос во остатокот од денот, а можеби и во следните неколку дена“, рече тој.

Тој додаде дека обично летовите слетуваат на секои 90 секунди и може да се префрлат од дигитален на аналоген систем.

„Сепак, тие нема да можат да го направат тоа со иста брзина. „Ако го намалите протокот што доаѓа и ги задржите авионите на земја на тие аеродроми, ќе биде многу тешко попладне“, рече тој.

Веста за проблемите ја пренесе првата шкотска авиокомпанија Логанер.

„Утрово имаше дефект во компјутерските системи за контрола на летање во Велика Британија. Иако се надеваме дека ќе можеме да ги реализираме повеќето летови во Шкотска врз основа на локална координација и со минимални нарушувања, летовите север-југ и меѓународните летови може да бидат предмет на одложување. Ако летате со нас денес, ве молиме проверете ја нашата веб-страница за најновите информации за вашиот лет пред да одите на аеродромот“, напишаа тие на Твитер.

НАТС рече дека работи на пронаоѓање и поправка на дефектот.

„Се извинуваме за секоја непријатност што ова може да ја предизвика“, рекоа тие во извинувањето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK