Атентат врз Самуел Пати: Отворање на судска истрага за двајца ученици на возраст од 14 и 15 години кои беа „поткупени“ од терористот


Според обвинителот за антитероризам Жан-Франсоа Рикар, за седум лица, меѓу кои и два малолетници на возраст од 14 и 15 години, ќе треба да биде отворена  судска истрага за „соучесништво во атентат во врска со терористички потфат, соучесништво во убиство на лице со јавен авторитет и терористичко злосторничко здружение“, јави дописникот на МИА.



Терористот Абдулах Анзоров ги поткупил двајцата ученици во основното училиште нудејќи им меѓу 300 и 350 евра, според обвинителот. Тој им рекол дека сака да го „сними професорот, да го присили да побара прошка за карикатурата на пророкот“, но и „да го понижи и удри“.

Обвинителот исто така објави дека биле воспоставени неколку телефонски и писмени контакти помеѓу терористот и таткото на ученичката, кој објавил видео на социјалните мрежи, во кое повикува на мобилизација против Самуел Пати по часот за слобода на изразување на кој беа прикажана карикатура на на Мухамед во кој, рече тој и помагал на својата ќерка.

-Јасно е дека професорот беше специјално посочен како мета на социјалните мрежи, рече обвинителот.

-Истрагата покажа дека полемиката започната од овој татко на ученик и се заснова на неточни факти, потврди и Жан-Франсоа Рикар. Ќерката на Брахим Ц., родител на ученичката, не присуствуваше на часот по граѓанско образование на Самуел Пати. Нејзиното  времено склучување од училиштето, исто така не беше поврзано со проблемите на убиениот наставник, туку со со проблеми во нејзиното однесување. Покрај тоа, ученичката не била дел од одделението од 7-мо, што присуствуваше на часот за слобода на изразување на Самуел Пати на 5 октомври.

Обвинителот исто така потврди дека атентатот врз Самуел Пати е дел од „контекстот на повици за убиство“ започнат од повторното објавување на карикатурите на Мухамед од страна на „Шарли Ебдо“ на почетокот на септември пред отворањето на судењето за нападите во јануари 2015 година во Париз. Жан Франсоа Рикар особено го спомна нападот со сатар извршен на 25 септември пред поранешните простории на „Шарли Ебдо“ и „трите комуникации“ од Ал-Каеда и нејзиниот јеменски огранок, кои повикуваа на „убиство“ на оние што биле во потеклото на повторната дифузија на овие карикатури.

Истрагата за „соучесништво во терористички атентат“ е насочена кон Брахим Ц. и радикалниот исламистички активист Абделхаким Сефриуи, кои „негираат каква било одговорност при дејствувањето на напаѓачот“.

Терористот испратил аудио порака на руски јазик на социјалните мрежи откако ја објави фотографијата од својата жртва.

Во оваа порака, како што јавуваат француските медиуми, , Абдулак Анзоров, во колеблив руски јазик, рече дека тој „се одмаздил за пророкот“, обвинувајќи го професорот по историја и географија дека „го прикажал на навредлив начин “.

Вечерва во почесниот двор на Универзитетот Сорбона ќе биде одржана националната свеченост за оддавање на почит на професорот Самуел Пати.


Бизнис и економија

Задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, останува можноста жените да се пензионираат со навршени 62 години

– Измените на Законот за работни односи со кои се предвидува задолжително пензионирање на 64-годишна возраст, поднесени од група пратеници, влегоа во собраниска процедура и го поминаа првото читање. Исклучоци во јавниот сектор ќе има […]

Вести

Продолжуваат разговорите со Бугарија, македонскиот јазик и идентитет се црвените линии

– Разговорите за надминување на несогласувањата со Бугарија продолжуваат деновиве на ниво на работни групи, предводени од министрите за надворешни работи на двете земји, а македонскиот јазик и македонскиот идентитет се црвените линии во преговорите […]

Вести

Регистрирани 1022 нови случаи на Ковид- 19 во земјава, починаа 41 лице

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-463, Куманово-30, Дебар-6, Штип-28, Прилеп-68, Тетово-29, Струга-21, Велес-47, Битола-48, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-66, Гевгелија-4, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*