Ашкенази: Мали се шансите анексијата на Западниот Брег да почне денеска



Европски пратеници бараат да се спречи анектирањето на Западниот Брег од страна на Израел - МИА

Ерусалим, 1 јули 2020 () – Израелскиот министер за надворешни работи Габи Ашкенази изјави дека е малку веројатно денеска да почне предложената анексија на окупираните делови на Западниот Брег, како што претходно беше најавено од коалициската Влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Ашкенази за Израелското воено радио истакна дека според него е мала веројатноста процесот на присоединување на окупираните делови на Западниот Брег кон Израел да започне денеска.

Нетанјаху вчера се сретна со официјални претставници на САД за да разговараат околу анектирањето делови на Западниот Брег според рамката која е предложена во блискоисточниот мировен план на американскиот претседател Доналд Трамп.

Израелскиот премиер додаде дека разговорите ќе траат уште неколку дена, што, исто така, укажува дека се мали шансите анексијата да почне денеска.


Регистрирани 445 прекршоци за неносење маски во изминатото деноноќие - МИА
Вести

Нови 178 случаи на Ковид-19, оздравеа 71, починаа четири лица

Скопје, 20 септември 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1368 тестирања, а регистрирани се 178 нови случаи на Ковид-19. Од новите случаи во Скопје се 42, Куманово-19, Кочани-17 ,Прилеп-16, Тетово-14, Струмица-13, Гостивар-11. […]

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија - МИА
Вести

Родилка и нејзиното бебе починаа на Клиниката за гинекологија

Скопје, 20 септември 2020 () – Родилка и нејзиното бебе вчера попладне починаа на Клиниката за гинекологија. Четириесет годишната трудница К.Ј. од населбата Шуто Оризари, Скопје била примена во приемната амбуланта на ЈЗУ У ГАК-Скопје […]

Пензионерите во Словенија од денеска ќе можат бесплатно да се возат во автобус и воз - МИА
Вести

Се разгледуваат нови услови за пензионирање, ќе го зголеми ли тоа товарот на пензискиот фонд

Скопје, 20 септември 2020 () – Изминатиот период во јавноста се отвори прашањето за условите за пензионирање, при што беше најавено дека во пензија нема да може да се оди подоцна од 62 години за […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*