Аргентина и Мексико ќе произведуваат и дистрибуираат во Јужна Америка идна вакцина против Ковид-19



Во Русија се испитуваат 47 вакцини за новиот коронавирус - МИА

Буенос Аирес, 13 август 2020 () –  Аргентина и Мексико ќе произведуваат и дистрибуираат во Јужна Америка, освен во Бразил, идна вакцина против коронавирусот на лабораторијата АстраЗенека и Универзитетот Оксфорф, изјави аргентинскиот претседател Алберто Фернандес.

– Лабораторијата на  АстраЗенека има потпишано договор со Фондацијата Слим за производство на меѓу 150 и 250 милиони вакцини со цела Јужна Америка, освен Бразил, и ќе биде достапна во првите шест месеци од 2021 година и рамномерно распоредена во земјите што го бараат тоа, нагласи Фернандес.

Според него, Аргентина и Мексико го преземаат јужноамериканското производство на вакцина против коронавирусот, што ќе овозможи побрз и поефикасен пристап за целиот регион.

Јужна Америка и Карибите се најпогодени од вирусот. Во таа област починаа 225.596 лица, додека пет милиони и 720.309 лица се заразени.

Од друга страна, бразилската федерална држава Парана одлучи да ја тестира и произведе новата руска вакцина, која неодамна ја објави рускиот претседател Владимир Путин.


Вести

Пендаровски и Пахор во Охрид на показна вежба на армиските специјалци

– Претседателите на Северна Македонија и на Словенија Стево Пендаровски и Борут Пахор денеска го посетија Кампот за обука на вода на Армијата на Република Северна Македонија, од каде ја следеа показната вежба на припадниците […]

Вести

Бројот на новозаболени од КОВИД-19 не се намалува, надлежните апелираат на почитување на мерките

– Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на КОВИД-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и во најголем дел на дневно ниво таа беше трицифрена, со исклучок на вторникот кога од […]

Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Нови 143 случаи на коронавирус, 110 оздравени и девет починати лица

 – Во изминатите 24 часа од направени 1504 тестрирања, регистрирани се нови 143 случаи на коронавирус. Во истиот период регистрирани се и 110 оздравени пациенти, но и девет починати лица. Министерството за здравство информира дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*