Анкета: Сè повеќе Британци подготвуваат залихи од храна и лекови поради Брегзит

Сè поголем е бројот на Британци кои поради Брегзит подготвуваат  залихи на храна и лекови, покажува новото истражување, спроведено помеѓу 5 и 9 септември.

Според податоци за агенцијата Кантор, специјализирана за анкети, девет отсто  од жителите на Велика Британија веќе се снабдиле со најнеопходни прехранбени продукти пред 31 октомври, датум за напуштање на државата на ЕУ. Тоа се три проценти повеќе од податоците за август.

Подеталниот преглед на истражувањето покажува дека најголем процент на оние кои се снабдуваат со храна се поддржувачи на Либерално-демократската партија, која е единствената партија со јасен став да остане во ЕУ.

Покрај тоа, возрасната група од 25-34 години е најмногу загрижена за овој проблем, каде преовладуваат мажи.

Во  говорот пред Конгресот на британските синдикати, лидерот на лабуристите Џереми Корбин предупреди дека Брегзит без договор ќе доведе до загуба на работни места, зголемување на цените на храната и недостиг на лекови. 

Вести

Државниот инспекторат постапува по екоинцидентот во Вардар, познат предизвикувачот

Државниот инспекторат за животна средина денеска изврши вонреден инспекциски надзор во комплексот на поранешна Железарница кај три правни субјекти Макстил А.Д, ЕСМ-Подружница Енергетика, Скопје и Арцелор Митал преземен од Либерти Хаус Груп, поради вчерашното загадување […]

Вести

Антикорупциска ќе поднесе жалба на одлуката на Управниот суд за Ѓорге Иванов

Државната комисија за спречување на корупцијата ќе поднесе жалба на одлуката на Управниот суд, што пресуди во полза на поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Тој поднесе тужба против ДКСК, која поведе прекршочна постапка против него за […]

Вести

Работните групи не постигнаа договор за законот за Јавно обвинителство 

Работните групи во врска со законот за Јавно обвинителство денеска одржаа куса средба на која не беше постигнат договор. Како што посочија министерката за правда Рената Дескоска и пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, меѓу нив […]