Анкета: Мнозинство Шкоти се за независност од Велика Британија



Анкета: Мнозинство Шкоти се за независност од Велика Британија - МИА

Лондон, 13 август 2020 () – Мнозинството Шкоти ја поддржуваат идејата за независност од Велика Британија, според анкета чии резултати беа објавени од Институтот „Југов“.

Анкетата за „Тајмс“ покажува дека доколку има референдум, 53 проценти од гласачите би гласале за независност на Шкотска.

Тоа  се два процентни поени повеќе од податоците од истражувањето во јануари и е најсилна поддршка за шкотска независност, регистрирана во социолошко истражување од „Југов“.

Податоците покажуваат и зголемување на поддршката за Шкотската национална партија, која може да добие мнозинство во шкотскиот Парламент на изборите следната година.

Според испитаниците – 1.142 возрасни анкетирани помеѓу 6 и 10 август – локалните власти во Шкотска се справиле многу подобро од централните власти во Лондон во борбата против коронавирусот.

Референдум за независност беше одржан во Шкотска во 2014 година. Во тоа време, сепак, мнозинството граѓани гласаа да останат во Обединетото Кралство.


Вести

Бројот на новозаболени од КОВИД-19 не се намалува, надлежните апелираат на почитување на мерките

– Во текот на минатата недела бројката на нови случаи на КОВИД-19 се движеше околу десет проценти од тестираните и во најголем дел на дневно ниво таа беше трицифрена, со исклучок на вторникот кога од […]

Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Нови 143 случаи на коронавирус, 110 оздравени и девет починати лица

 – Во изминатите 24 часа од направени 1504 тестрирања, регистрирани се нови 143 случаи на коронавирус. Во истиот период регистрирани се и 110 оздравени пациенти, но и девет починати лица. Министерството за здравство информира дека […]

Вести

Одбраната на „Монструм” ќе поднесе крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

– Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” ќе поднесе кривична пријава против вештакот Снежана Николовска, заради, според нив, фалсификување на вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир. Ова го најави адвокатот Насер Рауфи, по […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*