Анкета: Каталонците не сакаат независност


Анкета: Каталонците не сакаат независност - МИА

Барселона, 2 август 2020 () – Повеќе од половината жители на Каталонија односно 50,5 отсто изјавиле дека не сакаат независна држава, покажуваат резултатите на каталонскиот Центар за истражување на јавното мислење (ЦЕО).

Анкетата е спроведена од 25 јуни до 21 јули, при што се испитани 2.000 жители на автономната покраина во североисточна Шпанија..

На прашањето „Дали сакате Каталонија да биде независна држава“ позитивно одговориле 42 проценти од испитаниците, што е помалку од јули 2017 година, како и од февруари годинава, кога 44,9 отсто се изјаснила „за“.

Каталонската Влада во октомври 2017 година организираше референдум за независност и покрај забраната од Уставниот суд на Шпанија. Поради организирањето на референдумот девет каталонски политичари минатата година беа осудени на затворски казни од девет до 13 години.

Регионалните избори во Каталонија би можеле да се одржат на есен или на зима, а трите партии кои се залагаат за независност во моментот имаат мнозинство во Парламентот во Барселона, 70 од вкупно 135. Места.

Каталонија од 1978 година има свој Парламент, Влада, полиција, а каталонскиот е службен јазик.

Шпанската централна Влада во Мадрид е задолжена за надворешната, одбранбената и фискалната политика.

 


Ивановска за МИА: Законот во ниту еден случај, ниту во вонредна состојба не ги ослободува од одговорност лицата кои ја злоупотребиле позицијата - МИА
Вести

Ивановска: Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот

– Не секогаш оној кој се стекнува со имот, го става имотот на свое име. Ќе бараме од новите пратеници да донесат Закон за потекло на имотот, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на […]

Вести

Земјава подготвена за полошо сценарио со Ковид-19 наесен, граѓаните мора да ги почитуваат мерките

Скопје, 7 август 2020 () – Евентуалното полошо сценарио со вирусот Ковид-19 наесен би значело поголема концентрација на луѓе во затворени простории, дополнителен број на заболени од сезонски грип што може да доведе до пренатрупување […]

Влада: Трошоците за СЈО се за стручните служби и за комуналии до престанокот на постоење на ова обвинителство - МИА
Вести

Партиите преговараат, роковите течат за создавање на новата влада

Скопје, 7 август 2020 () – Рокот за доделување на мандатот за состав на новата влада тече веќе трети ден. Политичките партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во изминатите денови потврдија дека работат на создавање мнозинство од […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*