Амон: Ризикот од втор бран на Ковид-19 во Европа е умерен до висок


Амон: Во Европа вирусот Ковид-19 е во опаѓање, но нема да исчезне без вакцина - МИА

Стокхолм, 12 јуни 2020 () – Директорката на Европскиот центар за контрола и превенција на болестите, Андреа Амон денеска изјави дека не е завршена пандемијата со новиот коронавирус и оти од умерен до висок е ризикот за појава на втор бран.


 

– Иако има тренд на опаѓање на инфекцијата со Ковид-19 во Европа, потребни се дополнителни напори за ограничување на ширењето на инфекцијата, посочи Амон.

Таа повтори дека е потребно да се почитуваа препораките за физичка дистанца, одржување на личната хигиена и да се внимава при кашлање и кивање.

– Во пресрет на сезоната на летни одмори, кога земјите-членки на Европска Унија ги намалуваат ограничувањата, постои ризик луѓето да не се придржуваат до препорачаните мерки, посочи Амон.