Американските сили се повлекоа од Сирија и ја уништија својата база


Американските трупи кои се повлекоа од Сирија ја уништија својата база со пистата за воени транспортни авиони и хелиодромот во таа земја, објави денеска сириската новинска агенција Сана.

Според агенцијата, базата што се наоѓа во близина на Тел Бајдар била целосно уништена по повлекувањето на американскиот контингент.

Покрај тоа, американските трупи треба да се евакуираат од базата „Лајф Стон“ во близина на браната на Еуфрат во покраината Хасаках.

Пред неколку дена американските сили ја уништија и својата база во близина на сирискиот град Ајн ал Араб, која се наоѓа на 150 километри од Алепо.


Вести

Фетаи бара заострување на критериумите за избор на шеф и обвинители на ЈО

Обвинителката од поранешното Специјално јавно обвинителство Фатиме Фетаи на јавната расправа за законот за јавното обвинителство побара обвинителите за организиран криминал и корупција да можат да постапуваат и пред Апелациски суд, а не тоа да […]

Вести

Формирана комисија за спроведување на мерката за клима инвертери

Владата на денешната седница донесе решение за формирање Централна Комисија за следење на спроведувањето и имплементирањето на еколошката мерка за субвенционирање на граѓаните со високоефикасни инвертер клима уреди за потребите на домаќинствата во општините Битола, […]

Вести

Превентивни контроли на аеродромите во Грција за коронависрусот

Здравствените власти на земјата се во целосна оперативна подготвеност за да се спречат и, доколку е потребно, да се справат со можни појави на коронавирусот, рече заменикот министер под премиерот и портпарол на грчката Влада, […]