Американскиот амбасадор за изјавата дека ЈАР ја вооружува Русија: Ја преминав линијата

rebuen_jar_35424
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Американскиот амбасадор во Јужноафриканската република (ЈАР) призна дека „ја преминал границата“ кога рече дека земјата ја снабдува Русија со оружје.

Рубен Бриџети предизвика дипломатска „криза“ претходно оваа недела кога рече дека верува оти рускиот брод Лејди Р натоварил оружје во земјата во декември, минатата година. Одделот за надворешни работи сега „безрезервно се извинува“ за таквите тврдења. Претходно, Бриџети им рече на локалните новинари дека Вашингтон е убеден дека руски брод натоварил оружје и муниција во Јужноафриканската Република минатиот декември.


– ЈАР да ја вооружува Русија е длабоко неприфатливо, рече тогаш Бриџети. „Ова не се потези на неутрална земја“, додаде тој.

– САД се сериозно загрижени поради впловувањето на санкционираниот руски товарен брод во јужноафриканското пристаниште минатиот декември и им го соопштија тоа директно на јужноафриканските власти, изјави заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент Ведант Пател по изјавата.

Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса потврди во парламентот дека истрагата за Лејди Р е „во тек“. Неговиот портпарол Винсент Магвенја рече дека „до денес не се доставени докази за наводите за испраќање оружје од ЈАР во Русија“ и потврди дека е отворена истрага.

ЈАР одржа заеднички воени вежби со Русија и Кина во февруари, нарекувајќи ги рутински, но САД и другите западни сили уште тогаш изразија загриженост. Јужноафриканската Република е еден од најважните сојузници на Русија во Африка, но таа остана непристрасна и се воздржа од гласање за резолуциите на ОН за војната во Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK