Американски војници со огномет предизвикале инцидент во Јужна Кореја


Американски војници со огномет предизвикале инцидент во Јужна Кореја - МИА

Бусан, 6 јули 2020 () – Десетици странски државјани, за кои се претпоставува дека се американски војници, во саботата навечер ги вознемириле граѓаните на крајбрежниот град Бусан во Јужна Кореја со огномет на плажа.

Тие на плажата го славеле Денот на независноста, поради што полицијата морала да интервенира и да уапси дел од нив, пренесува Јонхап.

Војниците испукале неколку огномети кон небото, па дури и кон граѓаните, и тоа траело околу два часа, а полицијата соопшти дека примиле повеќе од 70 повици од граѓани кои биле вознемирени од оваа состојба, особено затоа што странците не носеле заштитни маски и не одржувале физичко растојание.

Полицијата соопшти дека американските војници кон граѓаните испукале огномет без дозвола и им се потсмевале на полицајците, поради што во смирување на ситуацијата учествувале шест патролни автомобили.

И покрај присуството на полицијата, војниците не престанале со огнометот, а еден војник во своите 20-ти години кој испукал огномет кон граѓаните е уапсен.

Плажите низ Јужна Кореја се повторно отворени за граѓаните, со обврска посетителите да постапуваат во согласност со воведените мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот.


Вести

Во експлозијата во Бејрут загинаа најмалку 78 луѓе, а околу 4.000 се повредени

Бејрут, 5 август 2020 () – Најмалку 78 лица загинаа, а околу 4.000 се повредени во  експлозијата што вчера се случи во пристаништето во центарот на Бејрут, соопштија либанските власти. Тој дел од градот е […]

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против Ковид-19 во Охрид - МИА
Вести

Пет починати, нови 75 заразени и казни за непочитувачите на протоколите против Ковид-19 во Охрид

Скопје, 5 август 2020 () – Нови 75 случаи позитивни на коронавирусот вчера беа регистрирани од направени 830 тестирања. Во претходното деноноќие беа регистрирани и пет смртни случаи, а оздравени 136 пациенти. Во земјата досега […]

ОС Велес му одреди 30 дена притвор на Владмир Панчевски - МИА
Вести

Три и пол години затвор за Владимир Панчевски

Велес, 4 август 2020 И) – Поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панечвски, обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, вечерва од страна на Велешкиот суд беше прогласен за виновен и осуден на три години […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*