Американски весник се извини за децениската расистичка политика


– Главниот и одговорен уредник на весникот Канзас Стар се извини во име на американскиот дневен весник за децениското расистичко и дискриминирачко покривање на настани поврзани со црнечкото малцинство.



– Откако полицијата го уби црнецот Џорџ Флојд во мај, што предизвика протести во САД, го принуди весникот да се бори против својата долгогодишна пракса, изјави главниот уредник Мајк Фанин за Си-Ен-Ен. – Никогаш не погледнавме внимателно за подобро да разбереме како „Стар“ ја отсликуваше црнечката заедница со години, рече тој.

Во неделата, Фанин објави долг напис во кој ја опиша историјата на влијателниот весник од Централен Запад како „приказна за моќен локален бизнис што правел грешки“. Извинувањето од публикацијата, каде легендарниот американски автор Ернест Хемингвеј своевремено беше репортер, доаѓа во моментот кога САД ја ревидираат својата историја на ропство, сегрегација и системски расизам по масовните протести ширум државите.

„Веќе 140 години сме една од највлијателните сили во обликувањето на Канзас Сити и регионот“, напиша тој. „Сепак, во поголемиот дел од својата рана историја – преку гревови, како што се спроведување или недејствување – тој обесправуваше, игнорираше и презираше генерации граѓани на Црниот Канзас“.

Весникот, чија публика е главно составена од белци, во неделата објави серија истраги кои покажаа дека со години ја игнорирал црнечката заедница во регионот, освен кога нејзини членови беа обвинети за криминална активност.

Во еден пример, весникот ја употреби смртта на афро-американската џез легенда Чарли Паркер во 1955 година за да пишува за синот на едно од најпознатите локални семејства. А, за ѕвездата има само четири пасуси на страниците со некролози. Згора на тоа името е погрешно напишано – „Charley“ наместо „Charlie“, и притоа е погрешна неговата возраст.

Во 1977 година, Канзас Стар, исто така, се фокусирал на штетите од поплавите на бизнисите во сопственост на белците, наместо на 25-те загинати во катастрофата, вклучувајќи осум Афроамериканци.

– Оваа дискриминација доведе до недостиг на доверба во оваа заедница и тоа е срцепарателно, изјави Фанин за Си-Ен-Ен. – Сега сигурно не сме совршени … имаме уште многу работа, но ова е барем почеток, рече тој.