Американски функционер тврди дека Бајден побарал од Русија да го продолжи договорот Нов СТАРТ


Администрацијата на новиот американски претседател Џозеф Бајден и предложила на Русија продолжување на Пактот за намалување на стратешкото оружје, познат како Нов СТАРТ.



Предлогот бил доставен до руски официјални лица, изјави анонимен американски функционер.

Сè уште нема официјална потврда од Белата куќа, иако американскиот државен секретар Ентони Блинкен претходно изјави дека ќе побара продолжување на договорот.

Новиот СТАРТ треба да истече во февруари и е последен договор со кој Русија и САД меѓусебно се ограничуваат за нуклеарно оружје.