Американски ЦДЦ: Ковид-19 може да се пренесува и со најмали честички


Американски ЦДЦ: Ковид-19 може да се пренесува и со најмали честички - МИА

Вашингтон, 21 септември 2020 () – Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) денеска предупреди дека Ковид-19 може да се пренесе со мали честички во воздухот и дека вирусите можат да преминат повеќе од два метра.

Претходно, ЦДЦ тврдеше дека вирусот главно се пренесува од човек на човек преку респираторни капки кога болно лице кашла или зборува.

Ажурираните упатства за борба против Ковид-19, објавени на веб-страницата на агенцијата, исто така препорачуваат луѓето да користат прочистувачи на воздухот за да го намалат внесот на микробите во затворени простории и со тоа да избегнат ширење на болеста.

Вирусите што се пренесуваат преку воздухот се најзаразни, а ЦДЦ предупредува на зголемен ризик од ширење на болеста во области што не можат да бидат добро проветрени.

Истражувањата покажаа дека новиот коронавирус може да се шири преку аеросолните честички во воздухот, а Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека ги следи „доказите“ за можна трансмисија на болести преку воздух.


Вести

Починаа 10 лица со Ковид-19, 428 новозаразени

  Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.853 тестирања, а регистрирани се 428 нови случаи на Ковид-19 во Скопје-200, Куманово-16, Дебар-2, Штип-9, Прилеп-29, Тетово-30, Струга-2, Велес-6, Битола-14, Охрид-4, Кавадарци-17, Гостивар-5, […]

Вести

Одржана централната прослава на 1000-годишнината од основањето на Бигорскиот манастир

– Достоинствено, како што му доликува на милениумскиот јубилеј, денеска Бигорскиот манастир со централна прослава одбележа 1000 години од основањето. По пречекот на претседателот Стево Пендаровски,кој е покровител на прославата и Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски […]

Архимандрит Партениј викендов ќе биде хиротонисан во епископ Антаниски - МИА
Вести

(Во живо) Бигорскиот манастир слави 1000 години од основањето

– Главната и централна прослава на великиот јубилеј 1000 години од основањето на Бигорскиот манастир ќе се одржи денеска со почеток во 9:00 часот со Божествена архијерејска литургија, со која ќе чиноначалствува Неговото блаженство, Архиепископот Охридски […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*