Американската полиција упадна во Амбасадата на Венецуела


Американската полиција синоќа упадна во Амбасадата на Венецуела за да ја протера групата која протестираше против политиката на САД кон земјата.

Со овој чекор отворен е пат тоа дипломатско претставништво да му се предаде на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, коментираат светските агенции.

Кон средината на април членови на три активистички групи кои го поддржуваат актуелниот претседател Николас Мадуро, ја окупираа Амбасадата на Венецуела во Вашингтон, наведувајќи дека се „поканети гости“ на венецуелската Влада.

Активистите се противат на американската интервенција во Венецуела против претседателот Николас Мадуро во корист на Гуаидо, самопрогласен привремен претседател на државата.

Американските власти синоќа ги уапсија последните четворица демонстранти откако беа отсечени комуналиите за објектот, а групата го игнорираше налогот да ја напуштат зградата.

Тајната служба потврди дека полицајците им помогнале на агентите на дипломатската служба на Стејт департментот во спроведувањето на налогот за апсење луѓе во Амбасадата.

Портпаролката на Стејт департментот рече дека „Владата на Гуаидо“, кого САД го признаваат за претседател на Венецуела, побарала помош за отстранување на демонстрантите од Амбасадата.

Вести

Ангела Меркел првпат ќе го посети Аушвиц

Ангела Меркел ќе биде третиот германски канцелар што го посетил најголемиот нацистички логор Аушвиц. Нејзината посета на Аушвиц, кој се наоѓа на територијата на Полска, планирана е за време на одбележувањето на 75 години откако […]

Вести

Кичеец призна вина за „Рекет“, пресудата утре напладне

Во издвоената постапка за предметот „Рекет“ која се води против Зоран Милевски – Кичеец, кој денеска призна вина пред Судот, во продолжение на рочиштето адвокатот на обвинетиот Александар Новаковски достави дополнителни докази што Судечкиот совет […]

Вести

Јанева: Се надевам дека не се плашите од заканите на Рускоска за „тресење од гаќи“

Обвинетата поранешнаа специјална јавна обвинителка Катица Јанева на судењето за „Рекет“ рече дека не се чувствува за виновна и дека знае оти Јавното обвинителство нема никакви докази против неа. – Горда сум на СЈО и […]