Американска војска во Конгресот првпат по Граѓанската војна


Денешната седница на Претставничкиот дом е придружена со огромно обезбедување, а меѓу нив има и членови на Националната гарда, кои влегоа во Конгресот првпат по Граѓанската војна.



Зградата во Капитол е полна со војници под целосна воена опрема.

Во Претставничкиот дом денеска започна дебатата за отповикување на претседателот Доналд Трамп, кого демократите го обвинија за поттикнување бунт со својот говор пред минатонеделните протести.