Амбасадорот на Израел во ОН стави жолта ѕвезда; Палестински претставник изјави дека Газа е пекол на земјата

Амбасадорот-на-Израел-во-ОН-стави-жолта-ѕвезда-Палестински-претставник.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Амбасадорот на Израел во Обединетите нации утринава стави жолта ѕвезда во Советот за безбедност на ОН, велејќи дека ќе ја носи додека Советот за безбедност не ги осуди злосторствата на Хамас, а палестински претставник рече дека Газа сега е „пекол на Земјата“ и повика за спас на нејзините жители.


Гилад Ердан и неговиот персонал ги закачија жолтите ѕвезди со зборовите „Никогаш повеќе“ на нивните ревери додека присуствуваа на состанокот на најмоќното тело на ОН. Евреите биле принудени да носат такви ѕвезди за време на нацистичката диктатура.

„Исто како моите баба и дедо на милиони Евреи, отсега јас и мојот тим ќе носиме жолти ѕвезди. Ќе носиме ѕвезди додека не ги осудите злосторствата на Хамас. И ќе бараме итно ослободување на нашите заложници“, рече Ердан.

„Некои од вас не научија ништо во изминатите 80 години. Некои од вас заборавија зошто е формирано ова тело“, рече Ердан, осудувајќи го Советот за безбедност што молчеше за смртоносните напади врз Израел на 7 октомври од страна на палестинските милитанти Хамас.

15-члениот совет, според написите во светските медиуми, не усвои ниту една резолуција за тринеделната војна меѓу Израел и Хамас. Некои резолуции според извештаите, беа блокирани од Соединетите Американски Држави, близок сојузник на Израел, бидејќи не го спомнуваа правото на Израел на самоодбрана.

Резолуцијата поднесена од САД беше особено осудена од Русија и Кина, бидејќи во неа јасно не се повикува на прекин на огнот. „Значи, ќе ве потсетам. Од овој ден натаму, секогаш кога ќе ме погледнете ќе се сеќавате што значи да се молчи пред злото“, рече амбасадорот.

Во својот говор, Ердан ја спореди израелската копнена офанзива во Појасот Газа со истоварувањето на сојузниците во Нормандија во 1944 година.

Тој нагласи дека споредувањето на бројот на загинатите од двете страни по разорниот масакр што го изврши исламистичкиот Хамас во Израел на 7 октомври е неприфатливо како и споредбата на германските и британските жртви во Втората светска војна.

Тој го спореди повикот за прекин на огнот на Блискиот исток со повикот за прекин на огнот пред руското заземање на Сталинград во 1943 година. За време на состанокот на Советот за безбедност, неколку говорници, осудувајќи ги нападите од Хамас, ја истакнаа цената што ја плати народот на Газа, пишуваат регионалните медиуми.

Филип Лазарини, шеф на агенцијата на ОН за палестински бегалци (UNRWA), рече дека опсадата на Газа е еднаква на колективно казнување на нејзините жители.

Палестинскиот претставник во Обединетите нации ги опиша страдањата на населението во Појасот Газа како „пекол на земјата“.

Зборувајќи на вонредниот состанок на Советот за безбедност на ОН во Њујорк, Ријад Мансур ја цитираше изјавата на поранешниот генерален секретар на ОН, Даг Хамарскјелд во 1954 година: „Обединетите нации не се создадени за да нè доведат во рајот, туку за да нè спасат од пеколот“.

„Газа сега е пекол на Земјата“, додаде Мансур. Дипломатот рече дека повеќе од 8.000 Палестинци се убиени до денес, вклучително и над 3.000 во јужниот дел на Газа, каде што Израел „насилно префрли стотици илјади луѓе“.

„Речиси сите наши луѓе во Газа се бездомници, раселени, се движат од еден во друг семеен дом“, рече тој. „Тие спијат во своите автомобили, спијат на улиците и продолжуваат да ги убиваат каде и да одат, за да ги убедат дека нема да бидат безбедни никаде во Газа“, додаде тој.

„Спасете ги. Гледајте ги како човечки суштества“, рече тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK