Амазон вложува пет милијарди долари во нов „облак“ склад во Нов Зеланд



– Одделот за „облак“ услуги за складирање податоци на Амазон ќе гради ново виртуелно подрачје во Нов Зеланд. Ова го соопшти министерот за дигитална економија и комуникации на оваа земја – Дејвид Кларк.


 

„Амазон е втората најголема технолошка компанија во светот и, сега, вложува во создавање „облак“ на Нов Зеланд. Ова ќе поттикне раст на националниот дигитален сектор и натамошно закрепнување на економијата на земјата по пандемијата на Ковид-19. Вкупната инвестиција на Амазон ќе биде околу 7,5 милијарди новозеландски долари (околу 5,2 милијарди американски долари), што покажува високо ниво на доверба од меѓународната бизнис-заедница“, се вели во соопштението на Кларк, објавено на интернет-страната на Министерството.

Тој, исто така, истакна дека изградбата на нови центри за складирање податоци ќе создаде и нови работни места за тамошното население.

„Технологиите за облак ќе играат важна улога во развојот на дигиталната економија на Нов Зеланд и проширувањето на дигиталните јавни услуги“, вели тој.