Како мета од голема важност го сметаат француските власти, Еуропол и Интерпол…
Албанскиот државјанин, познат како „Нико“ или „Ел Гордо“, уапсен е во Санта Марти во Коломбија, откако соработувал со колумбиските трговци на дрога, пренесува KoSSev
„Нико“ бил баран во повеќе од 180 земји, а како мета од голема важност го сметаат француските власти, Еуропол и Интерпол.
Приведениот исто така има учествувано во други кривични дела поврзани со перење пари.
Според информациите кои ги поседуваат истражните органи, наведено е дека „Нико“ бил дел од група за трговија со дрога, која врши кривични дела во Франција, Албанија, Холандија и Германија.
Неговото присуство во Колумбија, најверојатно имало за цел воспоставување контакти со мрежите за трговија со дрога.
(извор: telegraf.rs)
(фото: архива опсервер)